Зеленски имал намера да го смени армирскиот командант Залужни

Украинскиот претседател Зеленски се обидел да го смени командантот на армијата, Залужни, кој одбил да се повлече. На притисок од САД и Велика Британија, Зеленски ја коригирал својата одлука.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, според пишувањата на повеќе медиуми, извршил обид да го отпушти командантот на украинската војска, Валери Залужни, но морал да ја повлече својата одлука – под притисок на САД, Велика Британија, но и високи по чин припадници на армијата. Според извештаи на „Тајмс“, „Гардијан“ и „Њујорк тајмс“, претседателот во понеделникот побарал од Залужни да поднесе оставка, што тој го одбил.

Неуспехот на украинската протифонзива против Русија се смета за една од клучните причини за затегнатите односи меѓу Зеленски и Залужни.

Изјави на Залужни за воената ситуација

50-годишниот Залужни стана главен командант на  украинка армија неколку месеци пред рускиот агресорски напад на 22 февруари 2022 година. Под негова команда украинските трупи се спротиставија на инвазијата и дури и ослободија дел од окупираните територии. Генералот се смета за омилен меѓу војниците и меѓу населението, поради што му се припишуваат и политички амбиции, кои тој ги демантира.

Според наводи на високи по ранг офицери, како што пишува „Тајмс“, Залужни во понеделникот бил поканет на лична средба со Зеленски. На советниците на претседателот Залужни им го соопштил своето мислење – дека нивните  проценки на воената ситуација се повеќе оптимистички отколку реалистични, по што бил повикан да си даде оставка. Откако Залужни тоа го отфрлил, Зеленски најавил потпишување на декрет за негово отпуштање.

Одбивање од страна на потенцијалните наследници

Се тврди дека потенцијалните наследници одбиле да ја преземат функцијата на главниот командант на украинската војска, принудувајќи го Зеленски, барем засега, на ретерирање.

 

 

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial