За да спречат уништување на природната убавина на Сардинија и околните острови во екот на туристичката сезона, Италијанците ги заостриле правилата.
На една од најубавите плажи на Сардинија бројот на посетители е ограничен на 60 дневно, местата ги резервираат, а се плаќа и дополнително за користење на плажата – по три евра.
Архипелагот Мадалена на крајбрежјето на Сардинија во Италија е дом на бројни прекрасни плажи. Кала Котичио на североисточното крајбрежје на островите Капрера во Тиренското море е еден таков магичен бисер.
Мала, но восхитувачка плажа со прекрасен бел песок е составен дел на Националниот парк Ла Mадалена и совршено место за пливање и нуркање во летните месеци.
Плажата е опкружена со прекрасното Тиренско море, карпи и медитерански растенија, а скриена е од љубопитните очи на туристите. Поради својот магичен изглед, многумина ја споредуваат со плажите од рајски Тахити во француска Пелопонезија.
Како што пишува страницата „krstarica.com“, интересно е тоа што во последно време бројот на луѓето на кои им е дозволено да ја посетат Кала Коричио секој ден е ограничен на 60 и потребно е да си го резервирате своето место однапред со локален водич. Луѓето кои ќе бидат фатени на плажа без водич, можат да бидат казнети.