Двајца малолетници од Тетово украле “хонда” во Скопје

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 11 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, извести СВР Тетово.

 
 

„Тие се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје“, соопшти СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против малолетниците ќе следуваат соодветни поднесоци.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial