ЌЕ ЗЕМАТ ПРЕДВИД ШТО Е ПЛУС И МИНУС: Зеленски ќе донесе одлука дали да го признаат Косово

Откако српскиот претседател Александар Вучиќ  изјави дека има шпекулации за тоа дали Украина ќе го признае Косово, сега украинските власти велат дека таа одлука останува да ја донесе украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Шефот на Комисијата за надворешна политика на украинската Рада, Олександр Мережко, изјави дека конечната одлука му припаѓа на Зеленски. Тој за РТК изјави дека пред да донесе ваква одлука, мора да се одмерат плусовите и минусите, да се земат предвид политичките последици.

„Но, конечната одлука му припаѓа само на претседателот, а не на парламентот. Ние пратениците не одлучуваме за ова прашање, но ние го претставуваме народот, го имаме гласот на народот на Украина и луѓето во Украина многу јасно гледаат дека Косово е на страната на Украина, а за Србија знаете дека Србија не воведе санкции за Русија. Во Србија гледаме симпатии кон Русија. Во Србија, за жал, гледаме развој на односите со Русија, што за нас е загрижувачко и секако има влијание врз нашите гласачи“, рече Мережко.

За тоа дали признавањето ќе дојде по завршувањето на војната, Мережко вели дека засега е тешко да се каже, но вели дека е оптимист дека тоа може да се случи, пренесува Танјуг.

„Украина е кандидат за влез во ЕУ, мораме да ја координираме и надворешната политика со ЕУ. Многу ќе зависи од односот на ЕУ кон Косово“, заклучи тој.

Како што кажа српскиот претседател, Александар Вучиќ, доколку Украина го признае Косово – губи сè.  Прашува како може Украина потоа да каже дека се придржува до меѓународното јавно право. Русија не воведе санкции за Русија, за што добива критики од Европската Унија(ЕУ). Србија е земја каде се засолнија над 200.000 Руси кои избегаа од мобилизацијата за војната во Украина. Инаку, Србија водеше кампања со цел одредени земји да го повлечат признавањето на Косово. 

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial