Српскиот претседател Александар Вучиќ ја најави посетата на Кина.
– Во октомври ќе имам и голема посета на Кина, поради проектот „Појас и пат“. Се очекува и доаѓањето на Путин. Ме чека патување во Унгарија, а потоа уште една важна посета за која не можам да зборувам, каде ќе бидат сите лидери од регионот – вели претседателот на Србија.
Вучиќ додава дека неговите противници немаат потреба да го рушат и дека 500 пати им рекол дека нема да го победат, бидејќи нема да работат и не и мислат добро на својата земја.
– Немате идеи, единствената идеја ви е омраза. Како да задавиш некого во Сава и Дунав, па да го тепаш со стапови. Ќе се сокријам, но сакам овие години до 2027 година да бидат запишани со златни букви во историјата. Сите потоа ќе кажат дека тоа беа златни времиња, кога одевме напред – истакнува тој.
Тој го коментираше и изборот на Приједор за комеморација на цивилните жртви во операцијата „Бура“.
„Приедор беше едно од првите места каде српските бегалци застануваа за да се одморат и освежат. Во Приедор живеат уште многу бегалци од Република Српска Краина. За мене Приедор е исто како Бањалука, како Белград како Пријепоље, како Лесковац , како и Прокупље.За мене тоа се прекрасни места.За мене тие се поубави од Берлин, Лондон и Париз.Толку сум бил во тие градови, сите премиери и претседатели заедно не биле од втори Светска војна“, рече Вучиќ.