ПСЖ ја договори замената за Мбапе

ПСЖ е пред комплетирање на трансферот на напаѓачот на Бенфика, Гонзало Рамош, пренесувата француските медиуми.

 

Луис Енрике бара засилување во нападот бидејќи Меси замина, а иднината на Мбапе е несигурна.


Најголема желба на ПСЖ е ѕвездата на Бенфика и португалски репрезентативец, Гонзало Рамош.

 
 

Португалецот минатата сезона постигна 26 гола и запиша 12 асистенции, а остави одличен впечаток и на Мундијалот.

Последните информации се дека двата клуба постигнале договор за трансфер тежок 80 милиони евра и Рамош наскоро ќе пристигне во Париз на лекарски прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial