Тој на Цетиње доаѓа како слободен играч по завршување на ангажманот во Катар, каде што заврши по прекинот на соработката со ППД Загреб во текот на минатата сезона. Претходно имаше играно за Либек, Веспрем, Металург и Вардар, со кој стана европски шампион во 2017 година. Епитетот најголем „лузер“ го доби две години подоцна, кога предвреме си замина од Скопје поради финансиската криза и ја пропушти можноста по вторпат да се искачи на кровот на Европа.
Борозан им се приклучи на Мирко Радовиќ, Иван Перишиќ, Лука Вујовиќ, Филип Борозан, Богдан Петричевиќ, Вук Лакичевиќ и на македонскиот репрезентативец Бојан Маџовски, кои треба да бидат најголеми адути на црногорците во обидот за што подобар настап во Лига Европа.