МАРИЧИЌ: Ги прифаќаме резултатите и ги разбираме како многу сериозна порака за ставот на граѓаните кон СДСМ и кон ДУИ

Ги прифаќаме резултатите од првиот круг на претседателските избори и ги разбираме како многу сериозна порака за ставот на граѓаните кон СДСМ. И порано сме биле во слични предизвици и секогаш сме наоѓале сила и начин како да се исправиме и консолидираме. Тоа почнавме уште од вчера. Наша државничка и граѓанска обврска е да продолжиме да се бориме. Веќе сме со нашите граѓани и поддржувачи, како во нашите штабови, така и во маалата, рече членот на СДСМ и вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со вицепремиерката на Молдавија, Кристина Герасимов која е во посета на земјава.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial