чениците од основните и средните училишта се до денес на настава, а по викендот започнува пролетниот распуст кој се воведува за прв пат од оваа учебна година. Распустот е во времетраење од една недела поточно од 29-ти април до 6-ти мај 2024, со што се менува и календарот на настава.
2023/ 2024 треба да заврши на 10 јуни за средношколците и 17 јуни за учениците во основните училишта. За училиштата е неработен е и 8ми мај денот кога се гласа за вториот круг претседателски и парламентарни избори, а во училиштата каде се одвива гласање на седми ќе бидат со скратени часови до 11:00 часот, изгубените часови пак ќе се надополнуваат со подолг престој т.е дополнителни часови информираат од ресорното министерство.
– Наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови. – велат од Министерството за образование и наука.
Ваквата одлука на МОН доаѓа после реакциите кои ги имаше во јавноста, но и кревањето на нозе од синдикалните организации на нивната претходна, пропуштената настава да се надомести во саботи.
Освен овие два неработни дена скопските училишта имаат за покривање на уште еден ден кога учениците не посетуваа настава поради самитот на ОБСЕ кој беше на 30 ти ноември лани.
Менаџирањето за надополнување на изгубените денови е на училишните директори кои треба да го организираат подолгиот престој на учениците во денови од работната недела во рамки на шест часовното работно време на наставниците.