Остра рекција на претседателот Пендаровски за бугарското МНР: Постоењето македонско малцинство во Бугарија е факт

Од бугарското МНР посочија и дека поради неодамнешните јавни коментари на македонските политичари и како што се вели во соопштението, лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија на разговор во бугарското МНР била повикана и македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска

Нашата држава претендира да биде дел од Европската Унија, каде заедно со соседна Бугарија ќе биде упатена на уште поголема соработка. За таа цел, потребна е контруктивност во билатералните односи меѓу двете земји и решавање на отворените прашања. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски, велат од неговиот кабинет, одговарајќи на прашање на Македонската информативна агенција (МИА) за соопштението на бугарското Министерството за надворешни работи во врска со, како што посочија оттаму, неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial