Вардар ќе добие ново засилување

Набрзо по промоцијата на хрватскиот дефанзивец, Михаел Бришки (25 години), од таборот на Вардар промовираа уште едно засилување во пресрет на пролетниот дел од сезоната.

Станува збор за Кеба Кебел Сусо, кој е 26-годишен напаѓач од Гамбија, а кој во Скопје доаѓа од екипата на Јадран Декани (Словенија), каде што постигна седум голови на 12 натпревари.

Тој претходно во кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial