Понеделнички Новак Ѓоковиќ ја започна 412-та недела на врвот на АТП листата

Овој понеделник Новак Ѓоковиќ ја започна 412-та недела на врвот на АТП листата.  Српскиот тенисер има 9.855 поени, а втор е Карлос Алкараз, кој има само 600 поени помалку (9.255). На третото место е Данил Медведев со 8.765 бодови.

Во топ 10 се и: Јаник Синер, Андреј Рубљов, Александар Зверев, Холгер Руне, Хуберт Хуркач, Тејлор Фриц и Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ нема да игра до 6 март кога беше најавено учеството на Мастерсот во Индијан Велс. Доброто е што кога е во прашање првото место, Ѓоковиќ до почетокот на април треба да одбрани само 180 поени, додека Алкараз треба да одбрани 1.910, Медведев 2.850, Синер 1.510.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial