ИНЦИДЕНТ ВО АЛБАНСКОТО СОБРАНИЕ Рама спаси глава од бесот на демократите

Инцидентите во Парламентот на Албанија веќе извесно време се повторуваат, а за време на нив пратениците од опозицијата палеле факели и фрлале столчиња.

Вчерашната седницата на албанското Собрание траеше само 15 минути, поради протестите и викањето на опозициските демократи, кои насилно влегоа во салата, пишува Albanian Daily News.

Премиерот Еди Рама, кој беше присутен на  седницата, не можеше да зборува, а демократите се обидоа да дојдат до него, но беа спречени од обезбедувањето.

Претседателката на Собранието Линдита Никола ја обвини опозицијата дека гледа само на сопствените, а не на народот.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial