Втор ден по ред нов земјотрес во Лесковац

Лесковац втор ден по ред го погоди земјотрес со јачина од 1,7 степен според Рихтеровата скала на длабочина од седум километри изутринава околу 8 часот, покажуваат податоците на Републичкиот сеизмолошки завод.

 
 

Земјотрес со јачина од 2 степена го погоди тој град вчера околу 10.34 часот, соопшти Институтот.

Ова е петти земјотрес што го погодува градот од почетокот на 2024 година.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial