Виктор Панчевски е нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“, соопшти Град Скопје.
Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие, велат од Град Скопје.
Градските власти информираат дека во наредниот период ЈП „Водовод и Канализација“ ќе реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието.