Од понеделник вработените во ФЗО ќе стапат во штрајк

Од понеделник (05.02.2024 година), Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк.

Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: 1) Пријава на малолетно лице како член во осигурување; 2) Регулирање на осигурување за хоспитализирано лице; 3) Лекување во странство за итни случаи.

Од синдикатот истакнуваат дека само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи.

Штајкот е поради проблемот со платите, односно најавеното намалување за 21 отсто, а вработените бараат исплата на плата во висина на декемвриската.

Синдикалната организација на ФЗО при Синдикатот на УПОЗ, во преговори со раководството на ФЗО и Управниот одбор на ФЗО во јули 2023, постигна договор за покачување на платите на вработените во ФЗО во висина од 15 проценти во неколку фази.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial