Официјално Талат Џафери е кандидат за технички премиер на ДУИ!

Талат Џафери е предлогот на Али Ахмети и ДУИ за првиот премиер Албанец кој ќе ја предводи техничката Влада од 28 јануари до 8 мај и до формирањето на новата Влада по изборите, објави на Фејсбук првиот вице-премиер Артан Груби.

– Предлогот на претседателот Али Ахмети за г-дин Талат Џафери да биде наш кандидат за прв Премиер албанец на Република Македонија беше едногласно поддржан од членовите на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција.

 

Визијата на Али Ахмети за еднаквост во нашата земја се заокружува и од оваа негова предвидливост профитира нашето општество, нашата земја и сите граѓани. – напиша Груби на Фејсбук.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial