Разочаран обложувач од трибините му се закани на тенисер – ќе те чекам надвор!

Францускиот тенисер Беноа Пер доживеа непријатна ситуација на турнирот во Монпелје, каде што влезе во конфликт навивач, кој разочаран поради неговиот пораз од сонародникот Јаролд Мајо (1-6, 4-6), а со тоа и загубените пари на обложување отворено му се закани од трибините.

Францускиот тенисер ги слушна неговите закани и влезе во дискусија со агресивниот фан.

„Што по натпреварот? Кој мислиш дека си да зборуваш со мене така?“ го праша Пер.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial