Ѓоковиќ играл болен?

Новак Ѓоковиќ (36) загуби од 14 години помладиот Јаник Синер во полуфиналето на Австралија опен со 1:6, 2:6, 7:6, 3:6. Подоцна, Синер ја освои првата грен слем титула во кариерата со голем пресврт против Данило Медведев.

“Честитки за Синер, кој одигра одличен турнир, го заслужи тоа во финалето, ме надигра. И шокиран сум од моето ниво на игра, не одиграв ништо како што треба. Ова е еден од најлошите натпревари за мене. Секоја чест за него затоа што направи многу работи подобро од мене“, изјави Ѓоковиќ по поразот.

 

Ѓоковиќ не бараше оправдување за слабиот настап во полуфиналето на турнирот, кое го освои рекордни 10 пати, но сега новинарот Лука Николиќ во подкастот на Рекетирања откри дека најдобриот тенисер на сите времиња го одиграл мечот против Синер кога беше болен.

„Тој доби треска ноќта пред полуфиналето! Нешто слично на она што го имаше Зверев. Беше болен три недели, а потоа повторно го фати некој вирус. Лоша настинка… Не може добро да игра со треска, не сакаше да оди на лекар за да не го „скршат“ новинарите и да не дојде до збор“.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial