Карагер конечно откри зошто го зграпчи Арбелоа за врат

Џејми Карагер е еден од ретките примери на фудбалер кој целата своја кариера ја посветија на еден клуб, а во случајот на дефанзивецот тоа беше матичниот Ливерпул.

 

Стоперот мина 17 години во првиот тим на Ливерпул пред да означи крај на кариерата во 2013-та година, но дури десет години по последниот фудбалски танц реши да се наврати на тема за која нема зборувано никогаш претходно.

 

Карагер на теренот знаеше да биде и избувлив кон своите соиграчи кои гледаа на него како пример, па така во 2009-та година на натпревар против ВБА го фати Алваро Арбелоа за врат и сега даде објаснување за подзаборавениот инцидент.

– Игравме против ВБА на гостински терен и Арбелоа стандардно беше солиден десен бек. Но, на тој меч, Арбелоа постојано играше напред и нема протекција од негова страна.

 

– Водевме 2:0 и натпереварот беше речиси добиен, но јас размислував на чиста мрежа. Тој играше како крило додека тие напаѓаа и тогаш ми се спои нешто во главата. Изреагирав како лудак, го фатив за врат, а потоа дојдоа Чаби Алонсо и сите останати за да не раздвојат. Кога влеговме во соблекувалната, Арбелоа беше мирен и продолжи напред, како ништо да не се случило. Беше навистина солиден играч и потоа стана светски шампион, – вели Карагер.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial