Предводникот на Далас Маверикс и поранешен кошаркар на овој клуб зборуваше со суперлативи за првата ѕвезда Лука Дончиќ. Словенечкиот плејмејкер е лидер на тимот на теренот, а Џејсон Кид смета дека тој е веќе на ниво над Дирк Новицки и рамо до рамо со легендите.
„Дончиќ не смее да се земе здраво за готово. Тој е подобар од Дирк. Неговото однесување е како тоа на Џордан, Леброн, Коби… Мора да уживаме во неговите партии кои ги пружа на само 24 години, такво нешто во Далас не е видено.
Ова младо момче руши рекорд по рекорд. Лука е победник, а неговата главна цел е да освои шампионат. Ќе стигнеме таму, целта е да освоиме не еден туку повеќе трофеи“, изјави Кид.
Дончиќ со 24-години реди рекорди во Далас, а засега франшизата нема силен тим за да се бори за трофеи во НБА лигата.