Претходната седмица многумина ги изненади фактот дека Јирген Клоп заминува од клупата на Ливерпул. „Црвените“ ќе започнат ново поглавје, без германскиот стратег и неговиот стручен штаб, што ќе биде значајна промена.
Се споменуваат повеќе имиња како потенцијални наследници на Клоп. Меѓу најспоменуваните се Чаби Алонсо и Роберто Де Зерби, а сега се појави ново име кое ќе ги израдува навивачите на „црвените“. Станува збор за Зинедин Зидан, човекот кој во тренерската кариера го водеше само Реал Мадрид и тоа со огромен успех. Французинот имаше понуда да го преземе селекторското столче на Алжир…
„Зидан го сака Алжир, многу работи за оваа земја, ама го разбирам. Реалноста е поинаква. Тој има други амбиции, подготвува нешто многу големо“, изјави Криштоф Дугари, добриот пријател на француската легенда.
Англичаните најавуваат дека веќе постојат преговори меѓу Зидан и Ливерпул и постои реална шанса тој да биде наследникот на Јирген Клоп.