Арсовска ги пречека младите бадникари средношколци од Бадниковите поворки

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска ги пречека младите бадникари средношколци од Бадниковите поворки. Таа на својот фејсбук профил напиша дека со песната освен веста за Христовото Раѓање се покажала и убавината на традицијата со пеење на божиќните каланди.

 

„Ги пречекавме нашите млади бадникари средношколци од Бадниковите поворки кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање и ја покажаа убавината на традицијата со пеење на божиќните каланди. Новата година нека донесе многу здравје, успех, љубов и разбирање, да биде исполнета со почит, заедништво, хуманост, солидарност и желби за среќна година за сите“, напиша Арсовска.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial