Божиќни пакетчиња во сабота ќе се делат во една скопска општина

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски ги повикува сите дечиња во сабота во 10:00 часот да дојдат во општина Гази Баба и да добијат божиќно пакетче.

– Традиционално и оваа година, како градоначалник на општина Гази Баба се приклучувам на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање – Божиќ. За таа цел на ден 06.01.2024 година (сабота) во 10:00 часот во просториите на општината ќе ги пречекам сите дечиња кои ќе ги даруваме со божиќни пакетчиња и потоа сите заедно ќе продолжиме на бадниковите поворки на плоштадот Македонија во Центар, информираше Стефковски. 

Општина Гази Баба организира и бесплатен автобуски превоз и тоа:

-1 автобус ќе тргне од Нова Колонија во 09:00 часот;

-1 автобус ќе тргне од Црешево во 09:00 часот.

Двата автобуси ќе застануваат на сите попатни автобуски постојки.

Автобусите најнапред ќе ги донесат патниците во општина Гази Баба, а потоа ќе продолжат кон Центар (кај триумфалната порта). На крајот од поворките, автобусите ќе бидат паркирани во близина на Соборниот храм Св. Климент Охридски и ќе ги вратат патниците по истата рута.

– Ги повикувам граѓаните со своите дечиња да се приклучат и сите заедно да му пееме на нашиот Бог, вели Стефковски во поканата. 

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial