Скопје повторно меѓу најзагадените градови на светот. Според податоците на IQAIR, главниот град се наоѓа на петото место на листата на најзагадени градови. Со индекс 173, Скопје е во друштво на Њу Делхи и Калкута од Индија и Ташкент во Узбекистан.
Според податоците на Министерството за животна средина, големо загадување има Центар, Карпош, Ново Лисиче и Гази Баба додека пак екстремно лош квалитет на воздухот и високо ниво на пм 10 честички има во Струмица.