Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања вчера ја ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, од која Собрнаието ќе треба да избере член од редот на албанската опозиција. Пријавени се пет кандидати Беат Даути, дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили.
Листата беше утврдена по жестока расправа за тоа дали фаворитот на Европскиот сојуз за промени се уште е генерален секретар на БЕСА како што тврдеше власта или пак, поднел оставка за што постои и поднесена нотарска изјава како што тврдеа од неговата матична партија.
Сепак, изборот на нов член на ДИК останува неизвесно имаќи пред вид дека тој прво треба да биде ставен на дневен ред на седница, а потоа за него да се обезбеди и 2/3 мнозинство односно поддршка и на власта и на опозицијата.
За опозицијата ваквите тактизирања на власта може да стават дамака врз изборниот процес. И премиерот и лидер на СДСМ Ковачевски повика ДИК да биде навремено комплетирана.