Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

Рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на попуштање во војната против Украина, порачувајќи од годишната прес конференција дека неговите цели остануваа исти и дека мирот ќе дојде само кога тие цели ќе се постигнат.

Одговарајќи на прашањата од новинари, јавноста, па дури и војници, Путин, кој минатата недела објави дека ќе се кандидира за петти претседателски мандат на изборите во март, рече дека основните цели на Русија остануваат „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина, истовремено обезбедувајќи ја нејзината неутралност.

„Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели“, рече 71-годишниот руски лидер за војната, за која Владата донесе закон дека мора да се нарекува „специјална воена операција“.

„Што се однесува до демилитаризацијата, ако тие (Украинците) не сакаат да се договорат – добро, тогаш сме принудени да преземеме други мерки, вклучително и воени. Или ќе се договориме, ќе договориме одредени параметри (за големината и силата на војската на Украина) или тоа ќе го решаваме со сила. Ова е она кон што ќе се стремиме“, рече Путин.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial