Орбан: Ако не ЕУ, геополитичката дупка меѓу Унгарија и Грција ќе привлече други сили

Неопходно е да се случи проширување на Европската Унија, но за позитивната слика ЕУ мора да се бори, оцени унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите на југоисточна Европа во Будимпешта.

Земјите од централна Европа го гледаат придружувањето на Западниот Балкан како прилика и извор на енергија и сила, кажа тој во унгарскиот парламент.

Доколку регионот не стане дел од ЕУ, „геополитичката дупка меѓу Унгарија и Грција ќе привлече други сили“, оцени Орбан.

Во меѓувреме, унгарско-српската граница стана „точка на средба на кинеската зона на слободна трговија и пазарот на ЕУ“, кажа тој.

„Иако договорот за слободна трговија на Србија со Кина е неспоив со членството во ЕУ, Србите имаат право да седат на две столици“, кажа Орбан и истакна дека тоа е „начин ЕУ да се поттикне на акција“.

На Европската Унија не е ѝ потребна внатрешна реформа за да ги интегрира „барем најспремните земји од југоисточна Европа“, кажа унгарскиот премиер.

Орбан изрази поддршка на предлогот на Европската комисија на кандидатите да им се обезбедат погодностите кои ги уживаат членките на ЕУ и пред да станат полноправни членки.

Тој ја поддржа и идејата дека ЕУ треба да им пружи помош на тие земји меѓу 2024 и 2027 година за да се поттикне економскиот раст и додаде дека Унгарија се спремна за таа цел дополнително да придонесе на буџетот на ЕУ.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial