Силниот ветер однесе контејнер среде улица на Партизанска во Скопје. Случаен минувач го „прибра“ контејнерот од улицата, по што спречи евентуални инциденти во сообраќајот.
Според прогнозите на УХМР во Скопје денеска ќе има променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре ќе се задржи студено време со умерен до засилен северен ветер. Во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.