Владата најави закон за корекција на платите на функционерите

Иако вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека конечно ќе се изнајде законско решение за платите кои Уставен суд им ги покачи на функционерите за 78%, сепак денеска оваа точка не се најде на дневен ред на владината седница.

Иако вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека конечно ќе се изнајде законско решение за платите кои Уставен суд им ги покачи на функционерите за 78%, сепак денеска оваа точка не се најде на дневен ред на владината седница, а ниту вицепрмеиерот не е достапен да ги објасни причините… Како ќе биде уредено прашањето за платите на функционерите и колку тие ќе се намалат, Битиќи детали не откри, но рече дека парите што ќе се заштедат ќе одат за антикризните мерки….

-Од 72.000 отидовме на 128.000.Минатата недела Владата донесе одлука и не задолжи работна група од четири министри за нови антикризни мерки. Утре ќе дадеме и законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе ослободиме дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии, бидејќи тоа е клучно во временски периоди кога сите треба да покажеме солидарност, најави синоќа Битиќи

Уставниот суд одлуката за покачување на платите за 78% на 1.060 функционери ја донесе на 21 март годинава, а оттогаш, токму оние на кои им се покачи платата дадоа бројни ветувања дека во најбрз рок ќе се изготви законско-решение за да се регулираат платите, но речиси 7 месеци подоцна нема никаква промена.

Премиерот Ковачевски уште во август кажа дека законот е во фаза на изработка и дека истиот треба да ја регулира највисоката плата во државата и согласно со соодветни критериуми да ги регулира и другите плати.

Со оваа одлука, политичар со највисока плата од 166.000 денари стана претседателот на собранието Талат Џафери, додека пак шефот на државата – Пендаровски зема пониска плата од него за 1.500 денари. Трет на листата се најде премиерот Ковачевски чија плата изнесува 156.000 денари.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial