Од компанијата посочуваат дека екипите на ЕСМ и денеска се на терен и работат на целосна санација на дефектот
Испораката на топлинска енергија кај најголем дел од потрошувачите во Општина Кисела Вода е нормализирана, информираат денеска од „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) откако вчера беше соопштено оти дел од жителите на оваа населба се оставени со ладни радијатори поради дефект на дистрибутивната мрежа.
Од компанијата посочуваат дека екипите на ЕСМ и денеска се на терен и работат на целосна санација на дефектот.
„Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода. По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во таа населба“,
соопштуваат од ЕСМ.
Вчера од ЕСМ информираа дека дефект на дистрибутивната мрежа оставил дел од населбата Кисела Вода без топлинска енергија.