Оштетени повеќе детски игралишта, како и уништени спортско-рекреативни реквизити и урбана опрема е сликата што изминативе неколку дена ја затекнале службите од Општина Аеродром
Тие најстрого го осудуваат овој вандалски чин и апелираат до граѓаните да бидат совесни кон јавните површини.
При тоа, бараат од надлежните државни институции со засилени активности да ги спречат појавите на вандализам во општината.
-Урбаната опрема, детските катчиња и спортски игралишта се наша заедничка сопственост и одговорноста за нивно одржување е на сите нас – децидни се од локалната самоуправа.