Наставниците и стручните соработници се обучуваат да препознаат и решат булинг   

Наставниците и стручните соработници од училиштата на територијата на општина Центар веќе посетуваат обуки за препознавање, решавање и превенирање на врсничкото насилство, што е еден од суштинските проблеми во општеството и проблем кој не смее да се игнорира.

– Професорката Татјана Стојаноска Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет пред нашите наставнички алармираше за проблематичното однесување на младите вклучувајќи го и сајбер насилството и сподели механизми како истото да се препознае и превенира. Општина Центар се грижи за својата иднина. Вложувајќи во континуирана едукација на образовниот кадар, вложува во подобро утре и иднината на генерациите по нас – соопштија од  локалната самоуправа.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial