Aлармот за итна евакуација во Окинава – Лука Дончиќ: „Малку се исплашив…“

Северна Кореја во 4 часот наутро лансирала проектили кои го активирале алармот за итна евакуација во Окинава, каде што се игра првата фаза во Светското првенство во кошарка. Таму се и кошаркарите на Словенија, кои го очекуваат почетокот на првенството каде што се во група заедно со Венецуела, Грузија и Зеленортските острови.

Дваесетина минути по активирање на алармот во Окинава, јапонската влада соопшти дека опасноста е помината.

„Се е одлично, освен што не се наспав поради алармот“, кажа словенечката ѕвезда Лука Дончиќ.

„Тоа е навистина лудо, видов проектилот дека доаѓа, па малку се исплашив“, рече Дончиќ.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial