Преодниот рок за Реал Мадрид е завршен, нема да има нови засилувања!

Карло Анчелоти потврди дека веќе го има тимот кој ќе ја игра оваа сезона, трансфер периодот за нив е завршен, нема да ангажираат нови фудбалери.

Иако уште се поврзува со разни фудбалери, Реал Мадрид нема да купи никој до крајот на преодниот рок.

„Не, го отфрлам тоа, 100 проценти не“, вели Анчелоти на прашањето дали ќе има уште некое засилување.

„Завршено е, нема да има ниту едно засилување до крајот на преодниот рок, составот е затворен“.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial