„Alfa Rome“ својот суперспортски новитет го најави за крајот на месецот, а некои можат да видат уште сега.
Се што треба да направите е да дадете вистински опис на автомобилот преку шест клучни зборови, а сè останато ќе направи вештачката интелигенција. По тој повод „Alfa Romeo Australia“ претставува посебна страница на која сите заинтересирани можат да ги видат досега осмислените предлози, но и да претстават свој.

Информациите кои досега најгласно одекнале одат во насока на тоа дека станува збор за автомобил на основа на „Maserati MC20“, со мотор од „Giulia QV“, односно 2.9 V6 битурбо. Наводно се освен цената е во знакот на бројот 33, па така освен бројчената ознака, серијата брои точно 33 примероци, а новата „Alfa“ може да забрза до 333 км/ч. Цената ќе изнесува околу милион евра.
Се ќе биде познато за кратко време.
