Активен пожарот во близина на село Блаце, останатите шест во Скопско се изгаснати

Како што информираат од ЦУК во близина на селото Блаце во општина Чучер Сандево гори висока сува треба, нискостеблеста вегетација и шума на карпест и непристапен терен. Состојбата со пожарот ја следат вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми“
Во скопскиот регион во текот на вчерашниот ден имало вкупно седум пожари од кои еден е сè уште активен, информираат во утринскиот извештај од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial