Пленковиќ по средбата со Зеленски: Хрватска подготвува нов пакет воена помош за Украина

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Атина имаше  средба со  украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Штотуку ја завршивме средбата со украинскиот претседател и уште еднаш ја изразивме силната поддршка на Хрватска за украинскиот народ, претседателот, владата и сите оние кои се борат за слободата и територијалниот интегритет на Украина. Најавив голема меѓународна конференција за деминирање посветена на Украина во октомври, каде Хрватска, заедно со други актери од ЕУ и други меѓународни организации, ќе го започне процесот за помош на Украина во процесот на деминирање, каде што Хрватска за жал има многу искуство, истакна Пленковиќ.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial