Поранешниот светски шампион Фабио Квартараро ѝ е бесен на Јамаха и полека го губи трпението, чекајќи конкурентен мотоцикл. Французинот имаше големи проблеми претходниот викенд на Силверстон и заврши на разочарувачкото 15. место.
- На тестот во Мизано сакам да добијам доказ. Имаат еден месец. Јамаха три години ми ветуваше работи за десетина страници во ПДФ-формат, а не исполни девет и пол страници од тоа. Не сакам да ги гледам напишаните работи. Она што сакам да го видам е мотоциклот во Мизано, бидејќи ќе го возам во 2024 година. Потоа ќе видиме дали Јамаха навистина ме сака за во иднина – изјави Квартаро.