Престрелка на Косово: Убиен маж, тројца се ранети

Едно лице загина во престрелка што во раните утрински часови се случила во кафуле во Србица, јавуваат Репортери.

 

На лице место починал 39-годишниот Н.Л., соопшти косовската полиција.

 

Според соопштението, две маскирани лица влегле во кафулето и пукале со пиштол, а потоа заминале во непознат правец.

„Полицијата добила информација за пукање во кафуле во населбата Рунике во Србица. На лице место веднаш пристигнале потребните полициски единици и медицинска екипа. Од огнено оружје се повредени четири лица, на лице место починало едно лице на возраст од 39 години, Н.Л. , додека три повредени се испратени на лекување“, се наведува во соопштението.

Истражителите од Регионалниот сектор интензивно работат на откривање и апсење на сторителот на кривичното дело, како и на расветлување на тоа кривично дело, соопшти полицијата.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial