Ѓоковиќ има дополнителен мотив да го освои САД Опен

Организаторите на последниот грен слем турнир во сезоната САД Опен, најавија дека годинава ќе имаат рекорден награден фонд. Вкупниот награден фонд за овогодинешниот САД Опен ќе изнесува 65 милиони долари, најавија челниците на четвртиот тениски грен слем во сезоната. Тоа е за пет милиони долари повеќе од  минатата сезона.

Победниците во сингл во машка и женска конкуренција ќе заработат по три милиони долари, што е за 15 отсто повеќе од лани кога шампионите добија по 2,6 милиони долари. Добро ќе заработат и останатите учесници на овогодинешниот турнир. Верувале или не, за самото појавување во главната ждрепка, тенисерите добиваат по 81.500 долари.

Шампионите во конкуренција на двојки ќе добијат по 700.000 долари по тим. Наградниот фонд на преостанатите три грен слем турнири – Австралија Опен и Ролан Гарос беше 53 милиони, а на Вимблдон 56,5 долари.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial