Американците би сакале Никола Јокиќ да игра за репрезентацијата на САД, сличен број гласови доби Јанис Адетокубо, а најмалку Лука Дончиќ.
Голем број Американци би сакале да го видат српскиот кошаркар Никола Јокиќ во својата репрезентација. Објавата на ЕСПН каналот предизвика бура на социјалните мрежи. Телевизијата на Твитер објави фотографија од трите странски асови во НБА – Србинот Никола Јокиќ, Гркот Јанис Адетокумбо и Словенецот Лука Дончиќ. Заедно со тоа дојде и прашањето – кој од нив би сакале да го видите во американската репрезентација.
За еден ден, објавата има речиси 600.000 прегледи, а, според коментарите, Американците најмногу би сакале да го видат Јокиќ во американската репрезентација.