„Украина со признавањето на Косово ќе изгуби сѐ во еден момент“, со овие зборови српскиот претседател Александар Вучиќ одговори на прашањето како гледа на тоа што Киев размислува за отворање канцеларија за врски во Приштина и евентуално признавање на Косово, за што расправаше претседателот на Комисијата за надворешни работи на украинскиот парламент, Александар Мережко.
„Замислете Украина да го признае независно Косово. За еден ден губи сѐ. Како тогаш можат да кажат дека се придржуваат до меѓународното право“, праша Вучиќ и додаде дека притисокот да се признае Косово се спроведува, не само врз Киев, туку и врз пет членки на ЕУ кои не го сториле тоа, со постојано присутен притисок врз Белград.
Претседателот Вучиќ изрази уверување дека Зеленски нема да се откаже од адутот каков што е меѓународното право.