Иницијативниот одбор на пензионери во Кавадарци излезе на протест на градскиот плоштад по најавите дека пензиите ќе се зголемат само за шест отсто.
Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната да не биде под 20.000 денари.
– Се собравме денес за да побараме подобар живот. Бараме зголемување на пензиите. Во Кавадарци има 6.070 пензионери, а 3.000 од нив земаат пензија до 15.000 денари. Како да преживееме со толку пари. Затоа бараме линеарно зголемување на пензиите, а минималната не треба да биде под 20.000 денари, велат пензионерите.