Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело. Предлогот е прифатен и со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.