Необично е и занимливо што Клаксвик од Фарски Острови и на двата двомеча дома играше без голови а на гости постигна по три гола или вкупно шест!
Клаксвик по Ференцварош кој цело лето правеше тим проектиран за групна фаза на некој еврокуп, го елиминираше и шампионот и освојувачот на Купот на Шведска Хакен.
На првиот меч на Фарски Острови беше 0:0 а на гости во Шведска Клаксен чудесно се избори за 3:3 и пенали на кои славеше. Во регуларниот дел беше 2:2.
Во пенал-рулетот Хакен имаше 2 промашувања а Клаксен едно и заслужено оди во следна рунда каде ги чека силниот норвешки Молде. Но силни беа и Ференцварош и Хакен.
Коефицентите во обложувалниците дека Клаксвик ќе го помине Ференцварош оделе од 8.00 па нагоре а со Хакен од 5.10 па нагоре.