Прегазен велосипедист во Скопје

Велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил во Скопје.

– На 31.07.2023 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Mакедонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(24) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial