Во неколку сообраќајки тешко повредени мотоциклисти и велосипедисти

Вчера во полицијата во Струмица било пријавено дека на регионален пат во близина на село Белотино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.М. (28) и патничко возило „пасат“ со словенечки национални ознаки, управувано од П.С. (31), двајцата од село Рич, струмичко. Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.

На булеварот „Mакедонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х. (24) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Во Скопје вчера се случила уште една сообраќајка на крстосницата од улиците „Имер Призрени“ и „Христофер Жефаровиќ“ помеѓу патничко возило „рено канго“, управувано од К.Т. (63) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управуван од С.А. (30) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот.

На крстосница од булеварите „Св.Климент Охридски“, „Кирил и Методиј“ и „Мајка Тереза“ се случила  сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6“, управувано од И.П. (51) од Скопје и мопед, управуван од Н.С. (26) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата возачот на мопедот добил тешки телесни повреди, констатирани.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial