Нaјскапо нешто од природата е – водата. Во Македонија ја губиме, од извор до чаша снемува 60%

Најскапото од природата од кое човекот има основна потреба е – водата. Нафтата ја има на берза, може да се купи и донесе, како и струјата и се друго но, водата определува живот, создава населби, семејства, економија. Ја имаме се помалку.

Македонија се соочува со огромни загуби на вода – лани биле изгубени 63,05 отсто од водата на пат од изворот до крајниот корисни што поради кражба и незакоснко користење што поради технички проблеми во транспортот и одводот, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика.

Во некои региони загубите надминуваат 80 проценти, а речиси половина од водните претпријатија работат со финансиски загуби. Експертите предупредуваат дека климатските промени дополнително го зголемуваат ризикот од недостиг на вода.

Се бара голема одговорност но и законска и техничка поддршка за водниот сектор како еден од најранливите на последиците од климатските промени.

Загубите се таканаречена “неприходувана“ вода