ВЕЛКОВСКИ СО ПЛАН ЗА НОВА ЕНЕРГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски со конкретен фокус на потенцијалот на младите, дијаспората и повратниците, како важен ресурс за идниот развој на државата. На средбата со Регионалниот директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер за Европа и Централна Азија, Кристофер Левик, биле разгледани можностите за продлабочување на соработката, со акцент на циркуларната миграција и ставањето на знаењето, искуството и економскиот потенцијал на дијаспората во функција на Македонија.

Велковски посочил дека младинската емиграција мора да се разгледува и во контекст на актуелните демографски трендови, нагласувајќи дека една од клучните цели е создавање услови младите да ја препознаат Македонија како место во кое можат да го градат својот живот, да ги развиваат своите знаења и потенцијали и активно да придонесуваат кон општествениот и економскиот развој.

На средбата било истакнато и значењето на досегашната соработка со ВФД, поддржана од Шведска, преку која биле реализирани анализи, консултации, регионални студиски посети и размена на искуства со Србија, Албанија и Косово.